Иднината на Чешката Гран При трка е доведена во опасност откако се појавија гласини дека владата повеќе нема да обезбедува финансиска подршка за настанот.

Иднината на Чешката Гран При трка е доведена во опасност откако се појавија гласини дека владата повеќе нема да обезбедува финансиска подршка за настанот. Со ова доаѓа до намалување на финансиите на само 1.3 милиони фунти од потребните 2.1 милион фунти кои се неопходни за организирање на настанот.

MotoGP Brno Txt 08 05

Зборувајќи за Sport.cz извршниот директор и претседател на бордот на директори на Автодромот во Брно, Ивана Улманова, вели дека е изненадена од одлуката на гувернерот на Јужна Моравија.

„Мислев дека ќе ни помогнат. Оние кои донесоа ваква одлука не само што ќе ќе им наштетат на финансиите на Република Чешка туку и на Јужна Моравија. За жал Dorna неодамна соопшти дека нашата држава е една од најлошите партнери кои некогаш ги имале и дека во моментов не планираат продолжување на договорот меѓу двете страни.“

Веста се појавува во најлош можен момент за Брно со оглед на тоа дека има сериозна желба од неколку држави да се приклучат на календарот. Ова би можело да биде одлично за новата патека во Финска доколку тие се приклучат на серијата од 2020 година.

Но ова исто така би можело да направи и промени кај возачите а најзагрозен би бил Чехот Карел Абрахам.

Back To Top