WSBK

Целта на Баутиста останува иста

Алваро Баутиста нема да ги промени плановите во пресрет на трката во Асен.

Следете нè на:

 

Алваро Баутиста нема да ги промени плановите во пресрет на трката во Асен.

Во пресрет на трката која ќе се одржи во Асен, Алваро Баутиста вели дека неговата цел останува иста и дека се надева на продолжување на победничкиот старт на сезоната. Тој е подготвен за ограничувањето кое го воведоа организаторите во однос на бројот на вртежи.

Според новите правила, организаторите имаат право да го зголемат или намалат максималниот број на вртежи на секој тим. Намалувањето или зголемувањето зависи од резултатите кои секој тим ги има постигнато после првите три трки од сезоната а имаат за цел да го направат шампионатот поизедначен.

Баутиста, кој постигна девет победи по ред и кој го изедначи рекордот на Нил Ходџсон, за трката во Асен доби намалување за 250RPM. За да се изедначи шампионатот, Honda доби зголемување за 500RPM а Ducati и Kawasaki нема да можат да направат никакви промени на мотоциклот во текот на годината.

Но и пред да биде соопштена ваквата одлука, Баутста изјави дека неговата цел во Асен нема да се промении дека ќе се обиде да има ист настап како и на трката која се возеше во Арагон.

„Целта е иста како и секогаш: Да работиме напорно за да бидеме подготвени за трките во сабота и недела. Единствена непозната работа ни се временските услови, но ние секако дека ќе бидеме дополнително мотивирани за трката.“

„За жал немаме доволно време да се одмориме помеѓу овие две трки.“

Bautista txt 11 04

Баутиста вели дека со нетрпение чека да го проба новиот Ducati V4 R на оваа патека со оглед на тоа дека таа има помал правец и повеќе свиоци. Вели дека се надева претходното искуство кое го има на оваа патека дека ќе му помогне.

„Со мотоциклот кој го имаме, оваа патека ќе биде нова за нас. Иако немаме доволно податоци, добро го познавам местото бидејќи веќе се имам натпреварувано тука во други категории.“

Неговиот тимски колега од Aruba.it Racing Ducati, Чез Дејвис, вели дека е подготвен да се бори со својот колега после двете места на подиумот кои ги освои на трката во Арагон.

„Асен е поинаква патека од останатите и бара поинаков пристап. Но сега имам поголема самодоверба и заедно со тимот направивме голем напредок“, вели Дејвис.

„Ќе биде добро доколку успеам да се најдам меѓу Алваро и останатите возачи, да се борам за место на подиумот и покажам дека V4 R е навистина брз.“

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Викендов се вози 14-та трка од МотоГП шампионатот на патеката Арагон во Шпанија.

Стурџис, мал град во Јужна Дакота, САД, е место за кое најверојатно немате слушнато освен ако не го следите релито “Sturgis Motorcycle”.

Кои возачи можат да му се спротистават на Марк Маркез на трката која овој викенд се вози во Арагон.

Авантуристичките модели во моментов се едни од најпродаваните мотоцикли во светот. Но дали ги знаете најчестите грешки кои ги прават возачите на вакви мотоцикли? Еве како да ги избегнете.

КТМ одлучи веднаш да го замени Јохан Зарко.

Мото клубот Вардар слави 41 година од своето формирање.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.