Triumph потврди дека вториот модел од новата TFC линија ќе се базира на Rocket.

Со оглед на тоа дека нема ваков модел во актуелната линија, последната верзија беше пред две години и нејзиното производтсво беше запрено поради строгите Euro 4 правила, се потврдуваат неодамнешната теорија на MCN дека наскоро ќе имаме нов Triumph Rocket.

triumph rocket tfc 02 txt

Главни карактеристики на Rocket TFC

Нов 2500cc inline triple мотор

  • 180 коњски сили
  • Нова шасија
  • Единечна вилушка

Од компанијата велат дека на 1-ви Мај ќе објават детално соопштение но воопшто нема никакво сомневање дека станува збор за повеќе од концепт.

Моторот на овој модел има 2500cc кои пак произведуваат 180bhp и 170ftlb torque. Рамката е исто така нова. Мотоциклот има 3-1-3 издув како и TFT екран од втора генерација. Воопшто не е заверување дека Triumph ќе креира целосно нов Rocket само поради TFC верзијата. Покрај овој рачно изработен модел, од MCN велат и дека виделе целосна Rocket 3 верзија која очигледно е продукциски прототип.

Ова значи дека наското можеме да очекуваме и целосно нова Rocket линија.

Очекуваме стандардниот Rocket 3 модел да се појави на пазарот кон крајот на 2019 година а бидејќи моделите на Triumph имаат сличности меѓусебе, би можело да се појави и туринг верзија која ќе има поинаква задба подрамка, голем екран и лускузна опрема.

Back To Top