Маверик Вињалес ги уништи пневматиците во обид да ги претекне своите ривали. Вели дека мора да направи промени во случај тоа да се повтори и во иднина.

Маверик Вињалес ги објасни причините за слабиот настап на првата трка од новата MotoGP сезона која се возеше во Катар. Благодарение на одличниот настап за време на претсезонските тестови, 24 годишниот возач беше еден од фаворитите за победа. Покрај ова, тој ја освои и пол позицијата и во саботата беше за 0.198 секунди побрз од Андреа Довициозо.

Но после слабиот прв круг на трката која се одржа во неделата, Вињалес не успеа да им се приближи на најдобрите шест возачи. Тој постојано се обидуваше, но никако не успеваше да ги претекне Јоан Мир и Данило Петручи.

Шпанецот вели дека главната причина за ова е бидејќи не можел да ја следи посакуваната линија на патеката. Со оглед на тоа дека машините кои беа пред него беа многу побавни при влегувањето во свиоците, возачот на Monster Yamaha мора подоцна да притиска на сопирачките, тактика која доведе до уништување на пневматиците.

„Знам дека трката не се одвиваше онака како што посакувавме“, изјави тој. „Кога сум сам на патеката можам да постигнам добро време, но кога сум во група со други возачи ми е многу потешко.“

„Морам да возам многу поразлично. Морам да се движам по поинаква линија и не сум доволно брз за разлика од кога сум сам на патеката. Ова сега е уште една точка на која мораме да работиме.“

„При обидите да ги претекнам останатите возачи ги уништив пневматиците. Веќе пред крајот на трката задната гума немаше добар контакт со површината и не можев да направам ништо околу тоа.“

„Недостатокот на брзина не беше главниот проблем туку морам да најдам поинаков правец на движење кога сум со останатите возачи на патеката. Морам да пронајдеме поинаков сетап. Кога сум позади другите возачи го следам нивното движење и тоа многу ги оштетува пневматиците. Почнав да возам побрзо дури откако се најдов сам на патеката и јасно ми е каде е проблемот.“

Vinales Txt 1 19 03 copy copy copy

Дали е ова слично на проблемот кој го имаше минатата година кога возеше со полн резервоар?

„Всушност, кога возев со полн резервоар не беше никаков проблем за мене. Проблемот беше што не можев никого да претекнам бидејќи возев по други линии, не оние кои ги користев во текот на викендот.“

„Затоа мислам дека трката во Аргентина ќе биде многу важна. Знаеме дека сме брзи кога сме сами на патеката но треба да се подобриме и кога околу нас има други возачи.“

Иако настапот на Вињалес на трката многу потсетуваше на некои моменти кои се случија во 2018 година, сепак има и позитивни работи. Наместо да го обвини мотоциклот, или пак неговиот тим, како што направи неколку пати минатата година, тој ги призна своите слабости.

За време на пресконференцијата тој беше смирен и можеше во детали да објасни што беше погрешно. Прашан какви ќе бидат промените кои планира да ги направи, поранешниот Moto3 шампион изјави: „На пример, ќе притискам на сопирачката кога сум на правец бидејќи кога мотоциклот е навален и кога кочам, имам проблем со предниот дел.“

„Затоа мојата идеална линија мора да биде права, потоа да го навалам мотоциклот и да имам добра брзина во свиокот. Кога сум сам можам да го направам тоа. Но кога има неколку возачи околу вас, морате добро да ја покриете линијата на движење. Колку подоцна притискам на сопирачката толку сум понавален со мотоциклот и притисокот на предниот дел е поголем. Потоа морам порано да ја отворам гаста и тука настанува проблемот.“

„Како што кажав, кога сум сам на патеката е поинаку бидејќи му верувам на мотоциклот и на предниот дел. Но треба да го подобриме делот при сопирање.“

„Веќе имаме направено големи промени но тоа не е доволно. Во овој дел, нашите ривали се подобри.“

Back To Top