Новиот возач на КТМ призна дека на тимот му треба повеќе време за да ги направи големите промени кои тој би сакал да бидат имплементирани.

Новиот возач на Red Bull KTM, Јоан Зарко признава дека тимот немал доволно време во текот на зимата да ги имплементира сите промени кои се планирани на мотоциклот со кој ќе настапи во сезоната 2019.

Откако го напушти Tech 3 Yamaha, Зарко го заврши првиот ден од тестирањето во Сепанг на дваесетатата позиција со заостанување од 1.5 секунди зад Марк Маркез. Зарко исто така беше далеку и од неговиот тимски колега, Пол Еспаргаро, кој се најде на десетата позиција и покрај тоа што имаше мала несреќа.

KTM Txt 07 02

„Се подобруваме но во моментов не правиме големи промени бидејќи за тоа е потребно време “ , вели Зарко. „Времето кое го имавме на располагање во текот на зимската пауза не беше доволно. Во моментов се што сакаме да направиме е да ја подврдиме насоката по која се движиме.“

„Веќе имавме одличен ден тука и правиме мали промени само колку да го потврдиме чувството на мотоциклот. Но во споредба со почетокот на ноември, имам многу поголема контрола над мотоциклот и се применуваат информациите кои ги давам. Сакам да останам позитивен бидејќи знаеме каде сакаме да бидеме.“

Французинот е задоволен од напредокот кој е постигнат во споредба со последниот тест и вели дека сега има многу поголема доверба во предниот дел на мотоциклот. Сепак признава дека КТМ е многу послаб во споредба со неговите ривали во средината на свиоците.

„Се повеќе имам доверба во мотоциклот. Порано се сомневав во предниот дел на мотоциклот но сега состојбата е подобра. Имаме проблеми при вртењето и тоа ме загрижува. Јас го немам истиот стил на возење во споредба со Пол.“

Back To Top