Шеста година по ред релито Дакар се одржува во Јужна Америка. Наредна година релито ќе ги промени рутите и онаа во Перу ќе ја замени со Боливија.

dakar-2014

Шеста година по ред релито Дакар се одржува во Јужна Америка. Наредна година релито ќе ги промени рутите и онаа во Перу ќе ја замени со Боливија. Дакар 2014 ќе ги задржи Аргентина и Чиле на својот календар и во двете земји ќе се оддржи поголемиот дел од трката.

Релито Дарак 2014 ќе има подолги специјални етапи како и неколку маратонски етапи (делови каде што само возачот ќе може да врши поправки на својата машина). Возењето низ северозападните кањони и песочните дини на Аргентина би требало да биде особено исцрпувачки за натпреварувачите.

Tимот на KTM потпишa  договор со Курт Касели. Тој ќе им се придружи на Марк Кома и Рубен Фариа во Red Bull KTM Factory Racing. Петкратниот победник Сирил Деспре кој минатата сезона возеше за KTM, сеуште нема објавено каде ќе се натпреварува наредната сезона (ако воопшто и се натпреварува).

Се верува дека Французинот ќе му се приклучи на тимот на Honda кој добро се покажаа на минатогодишното рели па поради тоа тие оваа сезона планираат да имаат одличен натпреварувач кој ќе вози Honda CRF 450 Rally.  Кома против Деспре на различни машини-токму она што му беше потребно на Дакар. 

Back To Top