Вести од светот

Париз постави камери кои ќе го следат звукот на вашиот мотоцикл

Деновите кога слободно можевте да притиснете на гаста и да предизвикате голема бучава, полека исчезнуваат.

Следете нè на:

 

Деновите кога слободно можевте да притиснете на гаста и да предизвикате голема бучава, полека исчезнуваат.

Деновите кога слободно можевте да притиснете на гаста и да предизвикате голема бучава, полека исчезнуваат. А токму технологијата е таа која го овозможува тоа. Во овој случај не зборувам само за електричните мотоцикли туку и за камерите кои ќе можат да идентификуваат кое возило е премногу гласно.

Оваа идеја наскоро ќе биде тестирана во Париз а концептот е прилично едноставен. Микрофон ќе регистрира кога звукот на вашето превозно средство, без разлика дали станува збор за автомобил, мотоцикл или камион, го надминува дозволениот лимит. Потоа камерата го слика возилото кое направило прекршок.

Регистрацијата на тоа возило потоа се префрла во базата на податоци на полицијата. Кратко време потоа на вашата домашна адреса ќе ви пристигне казна.

noise camera motorcycle txt 05 09

Оваа направа е креирана од страна на агенцијата која се бори против загадувањто, Bruitparif, и се состои од четири микрофони кои постојано го мерат нивото на бучава. Големиот број на микрофони и овозможува на агенцијата лесно да лоцира за кое возило станува збор.

Во моментов ова се уште не може да се применува во Франција но од Bruitparif се надеваат дека во текот на есента, францускиот парламент ќе ги промени законите и ќе донесе нов закон со кој оваа технологија ќе може да почне да се употребува.

Првичниот план е Француската влада да одобри двогодишен пробен период во кој ќе треба да се тестира технологијата и подобро да се дефинираат нивоата на бучава за кои ќе следува казна.

Сигурен сум дека наскоро и останатите држави, откако ќе забележат дека ова може да донесе дополнителен приход, ќе почнат да ја применуваат оваа технологија.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Андреа Довициозо и Данило Петручи ги претставија мотоциклите со кои Ducati ќе настапи во новата сезона.

Објавена е конечната верзија на календарот за MotoGP сезоната 2020

„Можеби за време на тестот нема да можам да го извозам планираниот број на кругови“ – Марк Маркез

„Yamaha работи напорно и ќе се обиде уредот да биде готов за тестот во Малезија“- Маверик Вињалес

Компанијата Мото-Пром од Гевгелија од неодамна е новиот увозник на брендот Кавасаки за Македонија.

Макс Биаџи и Хју Андерсон ќе му се приклучат на Хорхе Лоренцо и оваа сезона ќе станат дел од MotoGP Legends листата.

Реклами

Листа на мото настани

  • 22 Февруари 2020 - 22 Февруари 2020
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.