Марко Меландри го подобри своето темпо на новите пневматици за време на тестот на Филип Ајленд. На крајот тој заврши со време кое беше послабо за само 0.030 секунди од времето кое го постигна Џонатан Реа.

Новиот возач на Ducati имаше одличен настап во текот на зимскиот период и покажа дека се уште може да се очекува од него да се бори за некое од првите места.

Melandri

Во пресрет на првата трка која ќе се оддржи овој викенд на Филип Ајленд, поранешниот MotoGP возач реши да работи на темпото. Тој вели дека е задоволен од резултатот кој го постигна на последниот ден од тестирањето.

„После тешкиот прв ден, денеска имавме добар настап,“ изјави Меландри. „Поради топлото време, попладнево имавме мали проблеми но тимот заврши одлична работа. Испробавме нови сетинзи кои функционираа одлично. Но она што ме прави најсреќен е фактот дека постигнавме напредок со новите пневматици, нешто со што имавме проблем во текот на зимата. Ова е само тест, но секогаш е важно да се чувствуваш добро на мотоциклот. Се надевам дека ќе постигнеме добар резултат за време на викендот но ќе одиме чекор по чекор.“

Back To Top